#ФАЦИ
Домашни музички ѕвезди првпат на заедничка концертна турнеја
Музички фестивал „Мозаик“, кој годинава ќе се одржи првпат кај нас, е замислен како концертна турнеја на најголемите домашни музички ѕвезди. Тој ќе се одржи во Скопје, Куманово и Прилеп. На концертите, што ќе траат по пет часа, првпат на истата сцена ќе настапат Владо Јаневски, Влатко Стефановски, Елита Пет, Слаткаристика, Нокаут, Џамбо Агушеви Оркестар, Дани Димитровска, Ферус Мустафов, Туна, Рок симфони и Сам.