Медиасет.мк

Медиасет

Дончиќ: Јас сум виновен за поразот

Во четвртата средба со Минесота во финалната серија од плеј-офот на Западот, Лука Дончиќ постигна трипл дабл, но Далас загуби со 105:100.

Пропуштајќи „чистка“, Минесота намали на 3-1 и ја пресели серијата во Минеаполис, каде во петок од 02:30 часот ќе се одигра натпреварот број пет.

Дончиќ по натпреварот беше видно незадоволен и покрај деветтиот трипл-дабл учинок во плејоф серијата.

Словенечкиот кошаркар се обвини себеси за поразот.

„Јас сум виновен за поразот. Едноставно не дадов доволно енергија“, кратко објасни Дончиќ.

Трендинг

На почеток
error: