#ФОКУС
Др. Вело Марковски: Вирусот до сега требаше да ја загуби силата, собирањето на граѓаните донесе вакви резултати
Последниот месец кај нас започна таканаречениот втор или продолжение на првиот бран од кризата со пандемијата со корона вирусот. Нашите здравствени власти, беа на удар на критиките во јавноста. но се покажа дека ваквата состојба не е само кај нас. Нешто слично деновиве почнува да се случува и во нашите соседни земји, пред сите Србија и Бугарија, но и во многу европски држави, како и САД.
Според епидемиолозите, инфектолозите, еминетни светски експерти се очекуваше дека корона вирусот ќе ја изгуби силата, ќе нема голема вирулентност и голем потенцијал на преносливост.
И инфектологот, проф.д-р. Вело Марковски, за Фактор изјави дека според сите досегашни научни сознанија, вирусните инфекции во текот на летниот период се намалуваат.
„Факт е дека сонцето, високиот индекс, односно УВ-зраците ги уништуват вирусите. Тоа го кажуваат сите научни истражувања. Вирусите се заштитени со масни наслаги кои под влијание на високите температури се топат, со што вирусот нема големо разорно дејство. Затоа и во текот на летото немаме толку голем број на инфицирани. Но, за ова сега, за да изведеме конкретни заклучоци потребни се навистина многу податоци. Во топлите земји, Катар, Саудиска Арабија, бројот на заразени со корона вирусот е незначителен. Но, кај нас имаме една друга слика. Повеќе од забележително е дека собирањето на граѓаните донесе вакви резултати. Можеби и мерките предолго траат па веќе им се смачи, или ја изгубија довербата, но сепак ќе видиме како ќе се одвива состојбата понатаму во земјава“, вели д-р. Марковски за Фактор.