Медиасет.мк

#ФАЦИ

Драган Спасов Дац го сподели последниот спомен со Вучиќ

По смртта на познатиот македонски водител и пејач, Драган Вучиќ, на Фејсбук се огласи актерот Драган Спасов Дац.

„Го сретнав, не знам каде… Му реков:
-Тој сутлиашот што го рекламираш во емисијата е навистина убав, редовно го купувам.
– Навистина ти се допаѓа?
-Да, му одговорив.
Следниот ден ме побара и ме праша за адресата, му ја кажав. Дојде и ми донесе цел пакет од сутлијашот.”Повели” ми рече со насмевка.Е, таков човек беше Драган Вучиќ. Почивај во мир“, напиша Дац на Фејсбук.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: