Медиасет.мк

#КИНО

Ејдан Тарнер ќе го глуми Леонардо да Винчи во нова серија


Актерката Софија Вергара сака да ги задева своите 21,4 милион фанови и следачи на „Инстаграм“ со фотографии од периодот кога работеше како модел, години пред да стане голема телевизиска sвезда благодарение на хит-серијата „Модерно семејство“.

Колумбиската убавица се наврати на помладите години и овој пат сподели секси фотографија во танга-бикини како дел од својот Throwback Thursday.

„#tbt Мајами 90-тите“, напиша 48-годишната актерка во описот на објавата потсетувајќи се на периодот кога живеела во Мајами, каде што се доселило нејзиното семејство кон крајот на 90-тите.

Експлозија од минатото: Софија Вегара во „троубек трсдеј“ од 90-тите

На крилјата на високите телевизиски рејтинзи и признанија, Вергара беше најплатената ТВ-актерка од 2013 до 2019 година, што вклучува неверојатни 42,5 милиона долари од јуни 2017 и јуни 2018 година.

Од неодамна таа е судија, односно една од четиричленото жири на ТВ-шоуто „Америка има талент“.



Трендинг

На почеток
error: