#ТРЕНД
Џеј Ло е пониска од фаровите на автомобилот
Латино дивата Џенифер Лопез (51) и нејзиниот вереник Алекс Родригез (45) беа фотографирани како излегуваат од приватен авион откако од Њујорк пристигнаа во Мајами.
Имено, Џенифер и Алекс беа на кратко патување во Њујорк, и покрај новиот бран на пандемија на вирусот корона.
Обожавателите им замерија што воопшто патуваа, бидејќи Лопез беше една од првите јавни личности што ги повика фановите да останат дома за да спречат ширење на Ковид-19.
Славната двојка е фотографирана во многу стилизирани комбинации на облека, а обожавателите велат дека и покрај сè, Џенифер изгледа фантастично.
Иако ова лето наполни 51 година, обожавателите велат дека латино дивата изгледа барем 15 години помлада.
И овој пат Џенифер на фотографиите од папараците изгледа ниско, а нејзината глава е малку повисока од рачките за отворање на вратите на комбето во кое славниот пар се возеше.