#ФОКУС

Еквадор прави нови гробишта за жртвите од корона зошто нема место каде да се закопаат починатите

Објавено на

Владата на Еквадор забрзано подготвува земјиште за погребување на луѓе, кое е донирано од приватни гробишта во градот Гвајакил, бидејќи на постоечките гробишта веќе нема место поради зголемувањето на бројот на смртни случаи од коронавирус во земјата.

Минатата недела од овој еквадорски град беше објавена репортажа според која системот е толку преоптоварен што телата на починатите луѓе завршуиваат на улица.

Во Еквадор до вчера биле регистрирани 3.995 случаи на инфекција ид коронавирус, починале 220 луѓе, а се проценува дека уште 182 случаи се поврзани со вирусот.

Според агенцијата „Ројтерс“, во земјата недостасуваат дрвени ковчези за починатите, па некои ги погребуваат своите роднини во картонски кутии што ги даваат на гробиштата.

Пред приватните гробишта има долги колони на автомобили со ковчези, бидејќи семејствата чекаат со часови можност да ги погребаат своите мртви.

Владата, која минатата недела започна со складирање на телата на починатите од корона во огромни ладилници додека не се ослободат гробови, планира да погреба околу 100 луѓе на ден на гробиштата во Гвајакил, со капацитет од 2.000 места. Погребите ќе бидат спроведени од надлежните органи, без трошоци за семејствата.

Градот Гвајакил подготвува и две јавни гробишта со околу 12.000 места.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

Exit mobile version