Јелена Карлеуша завчера го прослави својот 42-ри роденден, а роденденската забава се случи во нејзината семејна вила. Екипата на Телеграф.рс присуствувала на забавата, а имале и можност да поразговараат со пејачката. На прашањето која е нејзината роденденска желба, Карлеуша одговорила:
„Искрено, ништо. Навистина ништо. Толку брзав да го подготвам роденденот што не се занимавав со моите желби, имав желба да ги израдувам сите“, рекла Јелена за Телеграф.рс, па додала: „За мене беше важно што сите убаво си поминаа, сите дојдоа, што имаше убава атмосфера, а не лажна. Дека за сите имаше добро јадење, без оглед на тоа што никој не ја допре шведската маса“, се пошегувала Јелена.
Сопругот на Јелена,Душко Тошиќ, не можел да дојде во Србија поради фудбалот и обврските во Кина, а не ѝ подготвил ни роденденско изненадување оваа година.
Изненадување е што го имам сето ова вечерва. (смеа) Зарем тоа не е убаво изненадување? Изненадување за целата јавност, веројатно“, рекла Јелена.