По теркот на светските ѕвезди, сега и во Македонија има позната пејачка која лансираше парфем со својот потпис.
Елена Ристеска на социјалните мрежи ги објави женскиот и машкиот парфем од својата козметичка линија „Ера“. Сега таа ја почнува рекламната кампања за двата парфеми, за која откри дека ја работела во Мајами.