#ФАЦИ

Елена Ристевска: Полнам 34 и сѐ уште не ми треба ботокс

Објавено на

Поп пејачката Елена Ристевска вчера имаше роднеден. Таа наполни 34 години, а роденденот го прослави во изолација, дома.

„Happy B-day to ME. Полнам 34 и сѐ уште не ми треба ботокс. Се надевам дека истиов статус ќе го напишам и на 35. До тогаш да сме здрави и живи. Да ја надминеме „короната” – за некого заговор, за некого грда вистина и загуба на блиски. За сите нас ужасен старт на 2020-та година помината во страв.

Како дете често ми се паѓаше роденденот на Велигден, па славев роденден само со најблиските. Така што не е толку трагичен овој роденден за мене да го поминам во изолација. Сепак имам милион причини да сум среќна до небото затоа што ве имам вас кои ме поддржувате и почитувате – вие сте најлојални од сите луѓе во светот бидејќи ме знаете во сржта каква сум.

Низ годиниве многу уметници, музичари, поети и фанови напишаа по некој стих за мене или ме нацртаа, мал дел од нив ќе споделам во овој пост. Ви благодарам за честитките на сите, оние кои не ми честитале не се лутам, сепак љубовта што ја добивам 364 дена ми е и повеќе од доволна. И конечно: Цела торта е за мене“, напиша Елена на Инстаграм.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

Exit mobile version