Откако лани во декември, холивудската актерка Ема Стоун, откри дека се верила со продуцентот Дејвид Мекари, американските медиуми тврдат дека тие се венчале во тајност и дека глумицата е бремена со нивното прво дете.
На интернет беа објавени слики на кои Ема и Дејвид носат исти златни прстени, а 31-годишната глумица е облечена во широки комбинезонки со кои го крие трудничкиот стомак. По ова, извор близок до парот потврдил за Page Six дека тие навистина тајно се венчале по тригодишна врска.
