Претседателот на авиокомпанијата „Emirates“, Тим Кларк, најави можност за воведување приватни бањи во луксузните апартмани на летовите во прва класа.„Работиме на воведување бањи во рамки на апартманите во прва класа. Сакам сите да го слушнат ова, за сите да побрзаат да видат како можат да вградат бањи во апартманите од прва класа“, рече тој на Самитот на лидери на авиокомпании Капа 2026 во Берлин минатата недела, пренесува „National“.Патниците во прва класа во авион Ербас А380 ќе можат да користат две туш кабини, салон и бар во авионот, да имаат пристап до луксузни производи, додека на летовите со Боинг 777 ќе има нешто поприватни поединечни затворени кабини, слични на соби со поголема понуда, но без пристап до туш кабина.Иако моментално ниту една компанија не нуди приватна бања за секој патник, „Etihad Airways“ од 2014 година на избрани летови во Ербас А380 нуди „резиденцијален апартман“ со дневна и спална соба, како и бања, а „Singapore Airlines“ нуди сличен луксуз со можност за спојување на повеќе апартмани.Освен подобрувања за патниците од прва класа, компаниите работат и на иновации за економска класа.„Air New Zealand“ воведе кревети на кат за екстремно долги летови по цена од 100 долари на час, додека „United Airlines“ подготви концепт „Relaxing Row“ кој им овозможува на патниците да го претворат редот од три економски седишта во целосно лежиште, со подлога за душек, премиум ќебиња и дополнителни перници.
