TikTok и Pinterest во Русија ќе мора да платат парични казни бидејќи не ги надгледувале забранетите содржини кои се ширеле на овие платформи.Судот во Москва, во округот Тагански, ги казнил друштвените мрежи TikTok и Pinterest со вкупна парична казна од 10,5 милиони рубљи (околу 105.000 евра) поради одбивање да спроведуваат надзор над забранетата содржина, соопштиле од судот.Pinterest добил административна казна во износ од 3,5 милиони рубљи.Против TikTok билa поведeнa истa постапка по истата одредба, но за повторен прекршок, поради што компанијата била казнета со 7,0 милиони рубљи.
