Медиасет.мк

#ФОКУС

Емотивно видео: Уште еден јунак се избори со карциномот, вработените на Детска клиника го испратија дома

Малиот Онур кој се лекувал на Клиниката за детски болести во Скопје, како што е редот, заѕвони на ѕвончето за оздравување, додека персоналот го поздравуваше со голем аплауз.

„Оваа недела е посветена на сите кои победиле карцином. Повеќе од 32 милиони лица преживеале рак низ целиот свет – сите знаат некој чиј живот е допрен од карцином. Го славиме животот со сите деца кои ја победиле оваа битка, тоа се нашите јунаци, непобедливи.

Деновиве уште еден наш јунак го испративме дома, долго бевме заедно на одделенето за хемато-онкологија. Онур уживај во детството, биди среќен и продолжи да се смееш!“, стои под видеото објавено на Фејсбук.

https://www.facebook.com/detska.klinika.16/posts/187344306056200

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: