#ТРЕНД
Џенифер Анистон не посвојува дете, тврди претставник
Претставник на актерката Џенифер Анистон демантира дека таа планира да посвои дете.
Неодамна беше објавено дека sвездата на „Пријатели“ е во процес на посвојување девојче од сиропиталиште во Мексико, и дека таа, наводно, им ја открила веста на своите поранешни колеги од култната серија кога се собрале повторно на снимање на специјална епизода за „Ејч-би-о макс“.
Но, сега, претставник на Џенифер инсистира на тоа дека приказната е измислена.
Тој изјави за ТМЗ: „Шпекулацијата е лажна и тоа никогаш не се случило. Приказната е измислица”.
Некои таблоиди неодамна објавија дека Џенифер – која претходно беше во брак со Бред Пит и Џастин Теру, но никогаш немала деца – посвојува дете од сиропиталиште во Мексико.
Текстот Џенифер Анистон не посвојува дете, тврди претставник е превземен од МАКФАКС.