#КИНО

Џерард Батлер се враќа како Мајк Бенинг во „Ноќта падна“

Објавено на

Олимп, Лондон и Ангелот сите паднаа.

И сега е ред на Ноќта да падне, а човекот-акција Џерард Батлер е назад во игра.

Шкотскиот актер ќе глуми и ќе биде продуцент на Night has Fallen („Ноќта падна“) четвртиот филм од серијалот акција-авантура Has Fallen, објави порталот „Дедлајн“ во понеделникот.

Педесетгодишната sвезда ќе ја повтори улогата на Мајк Бенинг, поранешен армиски ренџер кој работи за тајните служби на САД.

Сè уште нема детали за заплетот на филмот или кој друг може да глуми заедно со Батлер, најверојатно тоа ќе биде Морган Фримен, кој досега бил во сите три филмови од франшизата Fallen.

Сценаристот Роберт Марк Камен и режисерот Рик Роман Вог, кои и двајцата работеа со Батлер на ланскиот „Ангелот падна“, му се придружуваат на проектот.

„Ангелот падна“ или Angel has fallen, третото продолжение од филмската франшиза, продолжи да ја оправдува популарноста на првите две, како и парите вложени за неговото снимање. Тој владееше со боксофисот неколку викенди по ред. Во првиот викенд од прикажувањето, заработката на „Angel has Fallen“ се совпадна со онаа на претходниот филм „London Has Fallen“ како и на првиот филм од 2013 година, „Olympus Has Fallen“.

Трендинг

Exit mobile version