Медиасет.мк

#ХАЈТЕК

Facebook Dating достапен и во Европа

Facebook Dating, адутот на социјалната мрежа во борба со Tinder и другите апликации за запознавање, конечно е достапен во Европа по долго одложување.

Facebook Dating требаше да дебитира во февруари за Денот за заљубените, но тоа се случи дури сега. Дејтинг сервисот ги нуди истите можности во Европа, како и во САД, а го користи постоечкиот профил на корисникот на Facebook за да пронајде потенцијални партнери. Сервисот пронаѓа лица со слични префренци, според активностите на Facebook, групите и настаните.

Сервисот се појавува само како таб во Facebook апликација и длабоко е интегриран со остатокот на производите на социјалната мрежа. Профилот може да повлекува стори објави и фотографии од Instagram, а можат да се воспостават и видеоповици од прозорецот за чет. Исто така, Secret Crush опцијата ги анализира пријателите од Instagram и Facebook, барајќи потенцијални партнери.

На почеток
error: