#ТРЕНД

Ќе добие ли Тина Тарнер место во Куќата на славните?

Објавено на


Фановите на Тина Тарнер (84) се огласија на Твитер со барање таа да добие место во Куќата на славните на рокенролот како соло уметник.

Таа беше примена во Холот на славните во рокенролот во 1991 година заедно со нејзиниот поранешен сопруг и соработник Ајк, со кого престана да работи во 1984 година, но сè уште нема признание за својата самостојна sвездена кариера.

Пораките за поддршка, испратени од фановите и од бројни познати личности, беа веројатно инспирирани од документарниот филм „Тина“, кој го истражува трајното влијание на физичкото и психичкото малтретирање на Ајк врз неа.

Многу од твитовите на обожавателите на Тарнер жалат за фактот дека дури оваа година Тина ќе ја има во холот како соло уметник и дека нејзиниот талент како пејачка и текстописец ја заслужија нејзината номинација многу години порано.

Еден од нејзините фанови напиша дека заслужува да биде внесена во Куќата на славните на рокенролот, заради нејзината способност „да се качи на сцена со снага и жестина“.

Еден корисник на Твитер напиша дека внесувањето на Тина во Куќата на славните заедно со нејзиниот покоен сопруг е „богохулење и покажува колку ова општество му оддава почест на еден насилен маж и го потиснува назад преживеаниот“.

Освен што има неверојатни вокални способности, кралицата на рокенролот поседува енергија со која зрачи секогаш кога ќе застане на сцената.



Трендинг

Exit mobile version