Медиасет.мк

Медиасет

Фановите повторно преплавени од музиката на Тејлор Свифт: Пејачката објави албум среде ноќ, а потоа за два часа уште 15 песни

Најголемата музичка поп-ѕвезда на 21-от век, Тејлор Свифт, го издаде својот единаесетти студиски албум, The Tortured Poets Department – збирка соголени емоции спакувани во отпеана поезија. Во новата етапа од нејзината кариера, пеачката дозволува нејзиното страдање од тешкиот период од нејзиниот живот да се преведе во меланхолични текстови придружени со намален поп звук со примеси на синт-поп, на кој работеше продуцентот Џек Антоноф, а уметникот Арон Деснер се приклучи на проектот.

„Ова е антологија на нови дела кои размислуваат за настани, ставови и чувства од еден фаталистички момент во времето кој беше сензационален, но истовремено и многу болен. Овој период од животот на авторот заврши – поглавјето е затворено и нема одмазда и нема потреба ништо да се докажува сега кога раните зараснале. Кога ќе погледнам малку подобро, многу од тие рани се направени намерно. Овој писател верува дека нашите солзи стануваат свети кога ќе се претворат во мастило на хартија. Можеме да се ослободиме од нашата најтажна приказна само кога ќе ја раскажеме. А останува само поезија“, напиша Тејлор Свифт на својот официјален профил на Инстаграм.

Само два часа по објавувањето на 16 песни во новото издание, пеачката на слушателите, без претходна најава, им подари уште 15 сосема нови нумери спакувани во едицијата „The Tortured Poets Departement: The Anthology“ – овој таен проект е финалето на приказната на Свифт претставена преку елегична поезија.

Заедно со 31 нова песна, пејачката во сабота ќе го објави и спот за синглот „Fortnight“, дует на кој и се придружува познатиот музичар Пост Малон. „Fortnight“ е воведната песна на изданието и е исто така еден од двата дуети на албумот – проектот содржи и дует со Florence + The Machine наречен „Florida“.

Албумот доаѓа по наградуваниот проект „Midnights“, крунисан со престижната награда Греми, а пеачката во меѓувреме темелно се занимава со реиздавањата на своите стари албуми.

Трендинг

На почеток
error: