#ХАЈТЕК
Фејсбук и Твитер своите логоа ги сменија во црно
Откако американски полицаец го уби Афроамериканецот Џорџ Флојд, бројни Американци почнаа да протестираат и избувнаа немири на улиците, а сè повеќе луѓе почнаа да бараат конечно истребување на расизмот во општеството.
Поради тоа, социјалните мрежи Твитер и Фејсбук ги сменија своите профилни фотографии и нивните икони станаа црни.
„Со овој потег, тие решија да покажат солидарност во борбата против расизмот“, пишува Business Insider.
„Расизмот не е дел од социјалното дистанцирање. Поради сè поголемиот страв и несигурност во врска со пандемијата, забележавме нешто загрижувачко. Расизмот и неправда со која црно-кафените луѓе се соочуваат скоро секој ден“, соопштија на Твитер.