#ФАЦИ
Филипче: И покрај сите напори на лекарите, Вучиќ со тежок наод на белите дробови му подлегна на вирусот
Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека здравствената состојба на Драган Вучиќ се влошила пред осум дена, од кога бил лекуван од одделението за интензивна нега. Вучиќ имал тешки оштетувања на белите дробови, посочува Филипче.
„Утрово на Инфективната клиника од коронавирусот почина нашиот познат музичар, композитор и тв водител Драган Вучиќ. Тој беше хоспитализиран пред осум дена откако состојбата му се влошила и од тогаш е лекуван на оделението за интензивна нега. И покрај сите напори на лекарите и целиот стручен тим, Вучиќ со многу тежок наод на белите дробови, за жал, му подлегнал на вирусот. Упатувам искрено сочуство до семејството и блиските“, пишува министерот Филипче.