Медиасет.мк

#ДОСИЕ

(ФОТО) Анестезиолог од Инфективна која спасува животи со рани на лицето: Мамо добра сум, не се плаши

Анестезиологот Виолета Огњанова која работи на Клиника за aнестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), а сега е дел од Инфективната клиника во Скопје е една од стотиците херои кои спасуваат животи на заразени со коронавирусот. Жртвувајќи го својот, тие се борат за туѓи животи.

Огњанова заедно со колегите работат во скафандери, со целосна заштитна опрема за да се самозаштитат од коронавирусот, а тоа остава траги. Тоа се гледа и од самата фотографија која анестезиологот ја сподели на социјалните мрежи. Црвени рани и траги од затегнатата маска на лицето е само дел од она што остава трага.

Но, спасувајќи животи, борејќи се, не се доведуваат во опасносност само тие, туку и нивните семејства. Една од поарките на Огњанова, оставена под сликата беше и хаштагот „Мамо добра сум, не се плаши“.

Таа воедно, побара од сите да останат дома, на безбедно, како што се и препораките на СЗО и Министерството за здравство. Капа доле!

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: