Српската пејачка Цеца Ражњатовиќ на својот профил на Инстаграм објави фотографии од саботно излегување. Таа била на маскенбал, на кој пејачката беше во друштво на двајца мажи.
Со маска и длабоко деколте, Цеца изгледаше екстра секси. За фотографиите напиша дел од стиховите на позната „Маскарада“.
„И да се соблечеме голи, ќе ни останат маските“- напиша пејачката.
