Медиасет.мк

#ФОКУС

Фото галерија: Скопјани го користат времето по 16 часот за пазарење, одмарање, пешачење, воздух и природа

Доколку до вчера, по 16 часот сите бевме во своите домови поради полицискиот час, од денес, улиците не се празни и секој си ги завршува своите обврски до 19 часот. Сонцето е дополнителен мотив за сите кои имаат обврска да излезат и да ја реализираат, но, има и такви кои времето го користат и за пешачење, како и моменти во природа.

Пазарите затворија попладнево, вработените се враќаа кон своите домови со полни торби.

И покрај олабавување на мерките и скратување на полицискиот час, гужви пред маркетите има.

Граѓаните кои ги завршиле обврските, чекаа автобуси на станиците.

Првпат по воведувањето на полицискиот час кој почнуваше од 16 часот, имаше луѓе и во парковите.

На улиците имаше и родители со деца кои излегле на воздух и сонце, држејќи социјална дистанца.

Освен автомобили, низ улиците многумина се движеа со велосипеди.

 

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: