Медиасет.мк

#ОХРИД

(ФОТО) Градежните активности на улицата „Абас Емин“ се одвиваат со непрекинато темпо


Градежните активности на улицата „Абас Емин“ се одвиваат со непрекинато темпо.

-Денеска започна поставувањето на првиот асфалтен слој на дел од коловозот на потегот од крстосницата со улицата „Охридска бригада“ кон крстосницата со улица „Железничка“. На овој потег претходно беа финализирани активностите за поставување на целокупната подземна инфраструктура, беше извршено тампонирање на подлогата и се поставија нови рабници, напаша на својот Фб профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески. 

Градоначалникот во објавата додава:

-Во рамки на овој значаен инфраструктурен проект интензивно се работи на поставување на цевководите од главната линија на атмосферската, фекалната и водоводната мрежа и се врши поединечно приклучување на домаќинствата.

-Според планираното, комплетната реконструкција улицата „Абас Емин“ се очекува да заврши пред почетокот на годинешната летна сезона.

извор: ФБ Константин Георгиески

На почеток
error: