Медиасет.мк

#КИНО

Заврши снимањето на специјалната епизода на „Пријатели“


Популарните цртани серии како Barbie, Peppa Pig и  My Little Pony се на удар на критики во Кина откако родителите се пожалија до надзорното тело за заштита на правата на потрошувачите дека содржат несоодветно однесување.

Советот на потрошувачи во Џијангсу во источна Кина објави список со 20 серии цртани филмови за кои тврди дека содржат однесување и јазик несоодветни за деца. Членовите на Советот ги гледале овие серии и разговарале со родители.

Осум од сериите се од странство, вклучувајќи ja британскaта Peppa Pig и две американски Barbie Dreamhouse Adntures и My Little Pony, со уште пет други од Јапонија, меѓу нив е Detective Conan, според Советот, кој всушност е организација поддржана од кинеска влада и формирана со цел да ги заштити правата на потрошувачите.

Во еден пример на сцена опишана како опасна во Peppa Pig ликот Деди Пиг ја отвора вратата од авионот и паѓа од него.

Во сцена од цртаниот филм „Моето мало пони“ лик се потопува во лава.

Во „Авантурите на Барби дримхаус“ има сцени на ликови што висат од хеликоптер или кошаркарски обрач, газат врз некого или паѓаат од таванот, според извештајот на надзорното тело.



Трендинг

На почеток
error: