Медиасет.мк

#ТРЕНД

ФОТО: Карди Би во бикини ја покажа новата тетоважа

Американската раперка Карди Би се пофали со новата тетоважа на Инстаграм, која ја има од рамената, преку грбот и задникот се до внатрешниот дел на колената. Таа објави провокативна фотографија во бикини.

Тетоважата има цветови и листови во црвена, зелена и жолта нијанса и како што вели таа, ја правела со месеци, а сега конечно ја покажа на сите.

Карди на оваа слика доби повеќе од 4 милиони лајкови.

https://www.instagram.com/p/CAg7S6pgvoh/

Раперката на телото има 10 впечатливи тетоважи, а минатата година го истетовира и името на својот сопруг Офсет, на левата нога. Офсет исто така го има истетовирано името на својата сопруга на десната страна од вратот, а познато е и дека раперката неодамна му подари пола милион долари за 28 роденден.

Карди Би и раперот Офсет се венчаа пред 3 години, а во 2018 година ја добија ќерката Култур.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: