#ТРЕНД
(ФОТО) Карлеуша за два дена во „Гранд“ даде 90.000 евра за облека
По три месеци пауза почна снимањето на новата сезона на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, а членката на жирито, Јелена Карлеуша, секако повторно се појави во екстравагантен стајлинг.
На снимањето на првата емисија Јелена се појави во златна комбинација која чини 45.590 евра
Карлеуша во златката комбинција блескаше во студиото на Гранд, а на себе имаше обетки „Версаче“ од 250 евра, часовник „Ролекс“ од 34.000 евра, нараквица од францускиот бренд „Картиер“ од 10.000 евра, златен фустан од 350 евра, како и сандали од 990 евра.
На следното снимање таа на себе имаше комбинезон со принт од уметничкото дело од францускиот уметник Вилијам Адолф Бугро. За комбинезонот Јелена даде 527 евра, за очилата „Гучи“ 740 евра, часовникот „Ролекс“ чинеше 34.000 евра и високи потпетици од 215 евра.