#ФОКУС
ФОТО: Морон уби бремена слоноца, уметниците на емотивен начин се простија од неа
На 27 мај, бремена слоница почина во Керала, Индија, откако изеде ананс во кој некој нечовек ставил петарди. Тие експлодирале во нејзината уста и сериозно ѝ ја оштетиле вилицата. Портпаролот на одделот за шуми во Керала изјавил дека не е вообичаено земјоделците да ставаат петарди во овошјето за да ги избркаат дивите животни.
Приказната допре до светот откако шумарот Мохан Кришнан се обидел да ја спаси слоницата и го објавил случајот на Фејсбук. Уметници од целиот свет одлучија да ѝ оддадат почит на бремената слоница и нејзиното неродено слонче.