Вицепремиерот Бујар Османи на Твитер објави фотографија од себе, како се поздравува со Папата, сакајќи да ја претстави едногодишнината од посетата на Папата Франциск во Скопје.
На фотографијата која ја објави Османи ги избришал сите луѓе околу него, за да изгледа дека е всушност сам при ракувањето. Но никој не го забележа тоа се додека на Твитер не се појави и оригиналната фотографија, на која се гледа дека Османи всушност не бил сам.
Покрај тоа, на едитираната фотографија на темето на Османи се гледа и трето уво, кое останало неисечено на еден од присутните, па на социјалните мрежи се пошегуваа дека на вицепремиерот му пресадиле и коса и уво.