#ФОКУС
(ФОТО) Охрид стана депонија, туристите културата ја заборавиле дома
Поради пандемијата со коронавирусот, домашните туристи ова лето се одлучија да патуваат во Охрид, па градот е преплавен од гости.
На социјалните мрежи се појавија фотографии од центарот на Охрид препополн со смет. Пластични кеси, шишиња и кутии од цигари се расфрлени низ охрискиот кеј и улиците.
Охриѓани коментираат дека странските туристи никогаш не оставиле ваква слика зад себе во Охрид.