На прес-конференциите на Венко Филипче, меѓу коментаторите беше забележана една негова обожавателка позната како Лиде Лиде, која јавно се изјасни дека има желба да пие кафе со минестерот. Тој во неодамнешно интервју одговори дека со задоволство би испил кафе со неа по завршувањето на кризата со пандемијата.
Но, овој пат, Фросина Ѓорѓиовска од Скопје, собра храброст и на Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, му предложи да пијат кафе.
„Министре Димитров, ви фали yште бела кошула што сама се соблака, па така облечен (или соблечен), како добар комшија да ме викнете на кафе. За сефте идење кај вас на комшиска база, ќе купам торта од Канела, со јагода на шлагот. Кафето и муабетот се на ваша сметка. Штом се решите, барајте ме на фиксен или јас ќе ве побарам на домофон.“