Медиасет.мк

Медиасет

(Видео) Том Круз се обиде да влезе во возилото на британскиот премиер: Видеото стана вирално на мрежите

Непријатна сцена во која се најде Том Круз стана вирална на социјалните мрежи, имено, тој се обиде да влезе во автомобилот на британскиот премиер Риши Сунак.

Холивудскиот актер тргнал кон паркираниот автомобил, а потоа брзо сфатил дека тоа всушност не е негово возило.

Само неколку моменти подоцна, британскиот премиер влегол во автомобилот во кој првично се обидел да влезе Том Круз.

Овој клип на популарниот актер моментално има над 9 милиони прегледи и предизвика вистинска лавина хумористични коментари.

Трендинг

На почеток
error: