Во текот на вчерашниот ден (05.02) извршени се претреси на 16 локации во Прилеп, а лишени се од слобода шест лица и одземени три возила, пари за кои постојат докази дека потекнуваат од продажба на дрога, марихуана, кокаин,мобилни телефони и други предмети, соопшти на денешната прес конференција портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.
Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР – Прилеп, по насоки на јавен обвинител од ОЈО – Прилеп, изминатиот период, од септември 2020 година, спроведуваа криминалистичка истрага за повеќе лица инволвирани во недозволена продажба на хероин ,кокаин марихуана и амфетамин на подрачјето на Прилеп.