Пејачката Викторија Лоба објави нова слика во бикини на „Инстаграм“. Вели „летото доцнеше, ама сепак дојде“ и откри дека е спремна за на плажа. Но, вниманието на фановите го привлекоа нејзините стомачни мускули, па таа доби комплименти за изгледот. „Добри плочки на стомакот“ ѝ коментираа.
Лоба неодамна стана заштитно лице на компанија за костими за капење, па во моментов ги промовира на социјалните мрежи.