Медиасет.мк

#ФАЦИ

Уапсена македонска манекенка: Се сончала на базен, а требало да биде во изолација

Поранешната манекенка Александра Накова-Гајдаџиев попладнево е уапсена во Гевгелија бидејќи не го почитувала решението за самоизолација. Оттаму велат дека таа е спроведена во државен карантин, а ќе биде известен и јавен обвинител.

„На базен во Гевгелија, не придржувајќи се до одлуката на Владата и до решението за самоизолација од државен санитарен и здравствен инспекторат, а поради постоење на сомневање дека е сторител на казниво дело по чл.205 и чл.206 од Кривичниот законик, лишено од слобода е лицето А. Г (31) од Гевгелија. По комплетирање на настанот, за лицето ќе биде изготвена соодветна кривична постапка“, велат од МВР.

Неофицијално, Накова од Гевгелија ќе биде спроведена во државен карантин во Скопје.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: