Плоштадот „Чинар“ заедно со пешачката улица „Гоце Делчев“ наскоро ќе добијат комплетно нов и современ лик.
Проектот за реконструкција предвидува
Замена на постојниот полочник со нови гранитни плочки.
Замена на постојната фонтана со површинска фонтана со правоаголна форма.
Уредување на просторот околу споменикот на природата „Чинар“.
Поставување на соодветна урбана опрема и ново осветлување.
Поставување на инфо табли и огласни табли.
Монтажни е демонтажни тезги изработени од дрвена конструкција, во делот на постојниот паркинг кој ќе биде пренаменет во пешачка зонa.
Во моментот се чека
Конзерваторско одобрение од Управата за заштита на културно наследство, кое е аплицирано на 15.07.2021 година.
