Медиасет.мк

#ОХРИД

Одлуки од денешната шеесет и четврта седница на Советот на Охрид

Советниците на денешната шеесет и четврта седница ги усвоија предлог одлуките за усвојување на Годишниот извештај за работата и материјално –финансиското работење на ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ – Охрид за учебната 2020/2021 година, за усвојување на Годишниот извештај за работата и материјално –финансиското работење на ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид за учебната 2020/2021 година, за усвојување на Годишниот извештај за работата и материјално –финансиското работење на Државното средно училиште РЦСОО„Ванчо Питошески“ – Охрид за учебната 2020/2021 година, за усвојување на Годишниот извештај за работата и материјално –финансиското работење на СОСУ„Св. Кирил и Методиј“ – Охрид за учебната 2020/2021 година, за усвојување на Годишната програма за работа на ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ – Охрид за учебната 2021/2022 година, за усвојување на Годишната програма за работа на ОСУ„Св. Климент Охридски“ – Охрид за учебната 2021/2022 година, за усвојување на Годишната програма за работа на СОСУ„Св. Кирил и Методиј“ – Охрид за учебната 2021/2022 година, за усвојување на Годишниот извештај за работа на јавната општинска установа за деца детска градинка „Јасна Ристеска“ – Охрид за учебната 2020/2021 година, за усвојување на Годишната програма за работа на ЈОУДГ„Јасна Ристеска“ – Охрид за учебната 2021/2022 година, за усвојување на Годишната програма за работа на ОЈУ„Кузман Шапкарев“ – Охрид за 2021/2022 година.

Дневниот ред на днешната седница беше надополнет со точките предлог програма за измени и дополнување на развојна програма за изработка на убанистички планови на територијата на општина Охрид за 2021-2023, предлог заклучок за усвојување на информацијата за изготвената студија за валоризација на Охридското Езеро заради негово прогласување за заштитено подрачје и предлог одлука за предлагање прогласување на заштитено подрачје Охридско Езеро во категорија – „Споменик на природата“. Трите точки едногласно беа усвоени од страна на советниците.

Трендинг

На почеток
error: