#ТРЕНД
(ФОТО) Владо Георгиев вратен од црногорската граница
Коалицијата „Мирот е наша нација“ тврди дека пејачот Владо Георгиев денеска бил вратен од границата при неговото доаѓање во Црна Гора. Музичарот ја потврди оваа вест споделувајќи фотографии на неговиот официјален профил на Твитер.
„Господа, на границата ми беше врачено решение за ЗАБРАНА ЗА ВЛЕЗ ВО ЦРНА ГОРА! Причините се национална и внатрешна безбедност! Па, не знам што друго да додадам… ДНО“, напиша тој на Твитер, споделувајќи фотографии од писмената забрана.
Gospdo, na granici mi je uručeno rješenje ZABRANE ULASKA U CRNU GORU! Razlozi su nacionalne i unutrašnje bezbjednosti!
Eto, ne znam šta bih više dodao…
DNO DNA. Dps i ovakvo obračunavanje sa Srbima…
Na zdravlje vam i na obraz.Živjeli! Popijte nešto, veselite se pic.twitter.com/eQ62nCt2Lz
— Vlado Georgiev – Barba (@VladoGeorgiev) August 27, 2020
„По поддршката на коалицијата „Мирот е наша нација“, нашиот славен пејач-текстописец од Херцег Нови, Владо Георгиев, денеска беше вратен од границата по пристигнувањето во Црна Гора. Очигледно е дека автократскиот режим се обидува да удира на најбезобразен начин по сите оние кои ја поддржаа нашата коалиција, па дури и на уметниците кои ја прославија нашата земја низ целиот регион“, соопштија од коалицијата.
Забраната доаѓа само неколку дена откако познатиот пејач-текстописец од Херцег Нови ги повика граѓаните да гласаат за опозицијата на Црна Гора на изборите на 30-ти август.
Георгиев на својот Инстаграм профил рече дека граѓаните треба „да го кренат својот глас, да бидат храбри и да размислуваат за иднината“.