#ФОКУС
ФОТО: Во Охрид не давет смештај, скопјанец си ошол со душек
Долгиот полициски час ги натера скопјани да го напуштат градот. Вчера на магистралните правци на гостиварското подрачје беше забележан зголемен интензитет на сообраќајот. Најголемиот дел од патниците одеа кон Маврово, Струга и Охрид.
На социјалните мрежи се појавија фотографии од патарините, а на една од нив беше и автомобил кој на кровот имаше душек. Фотографијата за кратко се прошири на социјалните мрежи, и предизвика низа коментари.