#ФАЦИ
ФОТО: Желбите на Атиџе и се остваруваат, наскоро ќе снима и реклама
Хероината од документарниот филм „Медена земја“, Атиџе Муратова дојде во Скопје, каде во студио ја сними познатата нејзина песна „Чекор по чекор“.
Аранжман за песната направија Љупчо Соколовски и Илчо Јованов, а снимена е во студиото „City sound“. Пресреќна оти , соништата и се остваруваат, Атиџе вели дека се радува и дека никогаш не се знае што носи животот. Освен песната таа треба да снима и реклама за мед.
Песна е направена и во дует верзија, Атиџе ја испеа со Васил Чамов.