Медиасет.мк

#ЖИВОТ

Фотографија од новороденче стана хит на социјалните мрежи: На сите ни треба знак дека наскоро ќе ги извадиме маските

Пандемијата на коронавирусот целосно ги промени нашите животи, а носењето маска стана „ново нормално“.

Гинекологот Самер Чеиб од Обединетите Арапски Емирати објави прекрасната фотографија од новороденче кое со рака ја повлекува маската од лицето на докторот, додека тој се насмевнува.

„Сите сакаме знак дека наскоро ќе ги тргнеме маските“, напиша Чеиб покрај фотографијата.

Чеиб за Си-ен-ен Бразил раскажа дека мајката родила близнаци, момче и девојче, но за виралната фотографија е заслужно момчето.

– Второто бебе беше момчето, го држев за да нè фотографира таткото, а бебето ми ја повлече маската. Во тој момент, сите се насмеавме – рече гинекологот.

На почеток
error: