Денеска, кога и официјално се распишуваат претседателските избори, сакам да ја информирам јавноста дека Европскиот сојуз за промени веќе има свој кандидат за претседател, вели Африм Гаши од Алтернатива.
„Кандидатот на Сојузот ќе биде почитувано име, кое ги надминува етничките и политичките граници, што е ретка можност во Северна Македонија за прв пат да се изрази мултиетничкиот карактер на државата. Сојузот има кандидат кој влегува во оваа трка за да победи и да стане претседател на Северна Македонија, кој нема да биде „другиот“, туку ќе биде „нашиот“. Неговото име ќе биде јавно објавено во наредните денови. Добрата вест доаѓа“, додава тој.