Популарните македонски пејачки, Елена Велевска и Сузана Гавазова во сабота на 16 мај во 20 часот, на „ИН-Телевизија“ ќе имаат заеднички онлајн настап.
Сузана ќе биде домаќинка на концертот, а Елена е нејзината специјална гостинка.
И покрај муабетите дека тие две се скарани, пејачките велат дека иако се музичка конкуренција, сепак се во добри пријателски односи. Од таму и идејата за заеднички настап.