Медиасет.мк

#ОХРИД

Георгиески доби поддршка и од амбасадорот на Италија за исполнувањето на препораките на УНЕСКО


Чест ми е што денес добив поддршка од амбасадорот на Италија во Република Северна Македонија, Андреа Силвестри во насока на исполнување на препораките на УНЕСКО, владеењето на правото и зачувување на светското природно и културно наследство на Охрид, напиша на својот Фб профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Во објавата градоначалникот додава:

Освен за најактуелната денешна тема и честитките за освоената европска титула на Италјанската фудбалска репрезентација, со амбасадорот Силвестри разговаравме и за унапредување на меѓусебната соработка во сферата на туризмот. Изразивме надеж дека по надминување на пандемијата со „Ковид 19“ интензивно ќе продолжат активностите за промоција на Охрид пред италјанските туристи.
Тема на средбата беше и соработката на полето на културата, особено во креирање на програмата на реномираниот фестивал „Охридско Лето“.

Трендинг

На почеток
error: