#ОХРИД
Георгиески ги посети пожарникарите
Градоначалникот на Општина Охрид Константин Георгиески претпладнево беше во посета на Територијалната противпожарна единица во Охрид.
На средбата со охридските пожарникари и комадирот Спасе Прентовски, градоначалникот се информираше за подготвеноста на службата, како и за превентивните мерки и активности кои треба да се преземат со цел да се спречат пожари од поголеми размери во Охридскиот регион.
На средбата беше разговарано и за подобрување на условите за работа на пожарникарите, набавка на дополнителна опрема и возила. Исто така, се разговараше за потребата од дополнителна опрема за товарното противпожарно возило од марката „Ивеко-Магирус“ кое општина Охрид го обезбеди преку донација во 2019 година.
Охридската противпожарна служба, од почетокот на оваа година до денес реализирала над 180 успешни интервенции на територијата на Охридскиот регион.