Константин Георгиески – Градоначалник на Општина Охрид презентираше дел од проектите реализирани во Општина Охрид во изминатиот мандат.
„Изградена е нова улица во поранешната касарна „Михајло Апостолски“.
Поставена е нова атмосферска канализација
Уредени и поплочени се тротоари од двете страни на улицата
Извршено е асфалтирање на коловозот
Поставено е осветлување и сообраќајна сигнализација
Проектот е вреден околу 13 милиони денари.
Исполнивме многу важни зацртани цели. Ја вративме финансиската стабилност на општината, реализиравме големи инвестиции во инфраструктура, ги подобривме условите во образованието и работевме на зачувување на статусот на УНЕСКО.
Продолжуваме понатаму за интересите на Охрид!
#РеализираниПроекти
#ВредноЗаОхрид“, напиша градоначалникот.
