Медиасет.мк

#ОХРИД

Георгиевски положи свежо цвеќе пред спомен обележјата на паднатите борци од НОБ

По повод 11 Октомври,  Денот на народното востание, делегација на општина Охрид предводена од градоначалникот Константин Георгиевски положи свежо цвеќе пред спомен обележјата на паднатите борци од НОБ во градскиот парк.

Пред спомен обележјата на борците  се поклонија и членови од Сојузот на Борците и останати претставници од политичкиот и јавниот живот од Охрид.

Свежо цвеќе се  полагаше и пред обележјата кај  Основниот Суд – Охрид, во дворот на  Средното економско училиште и кај градските гробишта.

На почеток
error: