Медиасет.мк

Медиасет

Големи зборови од Ѓоковиќ: „Ова што го прави Јокиќ е неверојатно…“

Новак Ѓоковиќ ја сака кошарката и сега не ја пропушти можноста да го проследи натпреварот помеѓу Денвер Нагетс и Лос Анџелес Лејкерс во Калифорнија.

Денвер ги совлада Лејкерси со 124:110, а Ѓоковиќ и Владе Дивац будно следеа од првиот ред.

По натпреварот следеше нивната долгоочекувана средба, а пред тоа Ѓоковиќ даде интервју за американските медиуми.

„Тука сум да уживам во кошарката, спорт кој многу го сакам. Секако дека навивам за великани како Леброн и Никола Јокиќ“, започна Ѓоковиќ.

Потоа имаше уште убави зборови за најдобриот кошаркар на светот.

„Тој е голем. Тој е еден од најдобрите спортисти што ги имаме во историјата на српскиот спорт. Ова што го прави во последните три години е неверојатно, не само за српската, туку и за европската. Да играм во најсилната кошаркарска лига на светот… Тој е неверојатен, го сакам, го сакам како личност и доаѓа“, изјави Новак, а потоа следуваше средба со Јокиќ и прегратка.

Трендинг

На почеток
error: