#ФОКУС
Градоначалникот на Струга заразен со коронавирус и примен на скопска Инфективна
Градоначалникот на Општина Струга Рамиз Мерко е позитивен на Ковид-19 и хоспитализиран Инфективната клиника во Скопје.
Од локалната самоуправа во Струга потврдиле дека Мерко синоќа сам заминал во Скопје и по извршениот преглед бил примен на Клиниката за инфективни болести.
Во Струга вчера беа регистрирани двајца новозаразени со коронавирус, а активни случаи во оваа општина се 142. Вкупниот број заразени во Струга од почетокот на пандемијата е 547.